Археолозите во Египет открија бројни предмети, меѓу кои и една мумија, во два неистражени гробови во градот Луксор на Нил. Се верува дека мумијата е на еден висок функционер од египетското „Ново кралство”,од пред околу 3.500 години.

Меѓу другите предмети кои се откриени има фигурини, дрвени маски и богато обоени слики на ѕидовите.
Гробовите се наоѓаат во некрополата Дра Абул Нага, област позната по своите храмови и гробишта.
Тоа е близу до Долината на кралевите каде што биле погребани многу фараони од древниот Египет.

Египетското Министерство за антиквитети соопшти дека гробовите биле откриени од страна на германски археолог во 1990-тите, но биле чувани запечатени до неодамна.