Јури Толошко, актер и боди-билдер, стана познат во јавноста поради неговата врска со пластичната кукла Марго и наскоро ќе се ожени со неа.
Тој се однесува кон Марго како кон вистинска жена, а тие се во врска веќе осум месеци. Неодамна ја однел и на пластична операција за да добие поголема самодоверба.
Како што вели, ја забележал несигурноста кај Марго по појавувањето во јавноста.
– Таа започна да развива комплекси. Кога ја запознав со светот на фотографиите, имаше многу критики и таа почна да се чувствува несигурна, па затоа се одлучивме за пластична хирургија. Таа многу се смени. Отпрвин беше тешко да се прифати, но подоцна се навикнав – изјавил Јури за Њујорк пост.
– Не може да оди сама, и треба помош. Марго не знае да готви, но ја сака грузиската кујна. Нејзиното омилено јадење е кинкали. Таа тврди дека има нежна душа во себе.
Толошко води страница на Инстаграм за Марго каде ги објавува нивните заеднички фотографии.
Тој дури тврди дека и нашол работа како келнерка во локален бар, што е прилично голем подвиг со оглед на нејзините физички ограничувања.
Иако на некои ова им се допаѓа симпатично и позитивно, повеќето од следбениците се против сè, и сметаат дека Јури сепак претерал, дека премногу уживал во сето ова и дека треба да оди на лекување.