Жена се обиде да го спречи чешкиот претседател Милош Земан да го оствари своето право на глас за време на претседателските избори во земјата.

На видеото што го објавија чешките медиуми може да се види дека жената ја соблекува горната облека и започнува да довикува погрдни зборови на англиски јазик против Земан.

Таа ги крева рацете во воздухот и вели: „Земан е ку*ва на Путин“, но веднаш е совладана од страна на обезбедувањето.

Феминистичката група „Фемен“ од Украина соопшти дека идентитетот на жената е Ангелина Дијаш, која по потекло е од нивната земја.

Земан го напуштил гласачкото место, по што повторно се вратил назад и го остварил своето право на глас.