ВМРО-ДПМНЕ на денешниот Централен комитет ги избра новите членови на Извршниот комитет, генералниот секретар и тројцата потпретседатели на партијата.

Мицкоски во согласност со очекувањата предложи повеќе нови кадри како дел од неговиот план за модернизација на партијата, а во новото раководство ги изостави Антонио Милошоски и Илија Димовски, кои беа потписници на писмото во кое се критикуваше неговиот избор за претседател на партијата.