Една од најтесните куќи во Лондон повторно е на пазарот, пренесува британскиот портал „Спејсиз“. За тесната куќа, која е наречена така бидејќи е широка само 2,3 метри, сопствениците бараат еден милион фунти или 1,14 милиони евра, објави „Блумберг“.

Куќата се наоѓа во Вандсворт, населба во централниот дел на Лондон. До 2013 година не нејзиното место се наоѓал премин, но имагинативните архитекти ја осмислија трикатницата со многу убав распоред на просториите и максимално искористен простор.

Косиот покрив и многуте прозорци ( и на покривот и обичните) придонесуваат во куќата да влезе многу природна светлина. И покрај тоа што е широка само 2,3 метри, вкупната површина на куќата е 98 метри квадратни.

Куќата има и двор во кој има агол каде може да се одмора во ладовина.