9.2 C
Skopje
понеделник, мај 25, 2020

Филипче: Не бев нападнат, туку граѓанинот бараше помош

Обезбедувањето на Министерството за здравство утринава викнало полиција зашто вознемирен граѓанин на скалите од зградата со повишен тон барал да се сретне со министерот...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Мака мачите со ситни влакненца на лицето? – Решете го проблемот природно

    За сите жени кои мака мачат со влакненцата на лицето, решението е во кујната. 2 лажички брашно 1/4 лажички куркума во прав 3-4 лажици...

    Му испратила на сопругот разголени фотографии, а поради еден детаљ тој веднаш побарал развод

    Извесна Челси од Австралија одлучила на сопругот да му испрати разголена фотографија, но заборавила еден детаљ. Имено таа направила неколку фотографии во долна облека, но...

    Доктор од Босна: Три дена пред смртта ме прашуваат како да живеат здраво, посипи се со песок и навикнувај се на земја

    како и секаде така и во Босна и Херцеговина медиумите се обидуваат на граѓаните да им ја доближат здравата исхрана.Но,одговорот на еден доктор по...

    Фото: Среде ноќ ќерката барала помош од својот татко – ова го затекнал во нејзината соба

    Семејството Петегру од Австралија отишло на кампување на островот Моретон. Се делувало совршено, се додека таткото во 5 часот утрината не слушнал како неговата...

    Дали носот ви е црвен – не е случајност, откриено зошто тоа се случува

    Црвенило на лицето не се предизвикува едниствено од студ, тоа може да биде знак за разни болести, за кои мора брзо да се реагира.

    Главни причини кои предизвикуваат црвенило:

    • изложеност на ладно;
    • болести на желудникот;
    • возбуда
    • болест на тироидната жлезда;
    • алкохолизам

    Но, постојат и случаи при црвенило на носот кога е потребно лекување.

    Особено е потребно да се обрне внимание на тоа дали симптомите се манифестираат кај децата. Црвенило на кожата, се разбира, не припаѓа на групата на смртоносни болести, но сепак потребно е да побарате совет од доктор.

    Додека во минатото црвените образи претставувале знак за добро здравје, во денешно време тие претставуваат естетски проблем кој ја намалува самодовербата и затоа бара соодветен третман. Еден од најчестите причинители за ова црвенило кое не поминува е една кожна болест позната под името розацеа.

    Што претставува розацеата?

    Поимот розацеа означува една хронична незаразна дерматоза карактеристична за лицевата регија. Таа честопати има неразјаснета етиологија и е тешка за лекување. Розацеата е чест проблем во популацијата со застапеност од некаде едно на десет лица и почесто се јавува кај жените по 30-годишна возраст. Иако секој може да го има овој проблем, тој почесто се јавува кај лицата со светол тен.

    Како се манифестира?

    Розацеата е хронична повторувачка дерматоза со периодично менување на периодите на подобрување и влошување на симптомите. Таа се развива во неколку стадиуми со сé поголемо влошување на клиничката слика во секој од нив. Најчесто е зафатена средната третина на лицето, и тоа носот и образите, но во одредени случаи може да се прошири и да ги зафати и очите и челото. Се манифестира со појава на црвенило (периодично или трајно) кое се јавува во налети со чувство на топлина и пецкање на лицето, подоцна појава на црвени чворчиња или гнојаници, потенки или пошироки проширени капилари (телеангиектазии) на образите и во краен стадиум со разраснување на сврзното ткиво особено во пределот на носот кај мажи со негово деформирање, познато под името ринофима. Доколку се прошири кон очите може да се јави сувост, пецкање, оток на капаците и инфекција (конјунктивитис) со солзење, печење и преосетливост на сонце.

    Од значење е големото влијание на оваа болест врз психолошкиот и социјалниот живот на болните со розацеа. Студиите спроведени од страна на Националното здружение за розацеа покажале дека повеќе од 90 отсто од пациентите со оваа дерматоза се изјасниле дека болеста ја намалува нивната самодоверба, додека 41 отсто избегнуваат јавен контакт или ги откажуваат социјалните ангажмани особено во периоди на влошување на клиничката слика.

    Розацеата е болест која трае со години и која доколку не се лекува има тенденција да се влошува со тек на времето. Таа честопати може да биде помешана со акни, алергиска реакција на кожата, себореа или друга кожна болест. Затоа, при појава на какво и да е црвенило на кожата на лицето, особено доколку тоа се повторува и трае, не треба да се користат креми на своја рака, бидејќи може да ја влошите состојбата со поголема иритација, туку пациентите треба да се јава на дерматолог. Тој ќе ја постави точната дијагноза врз основа на клиничката слика, добра анамнеза, микроскопско испитување за demodex и лабораториски тестови и ќе ви препише соодветна терапија.

    Моментално не постои лек за розацеа, но на располагање се голем број тераписки модалитети со кои состојбата успешно се контролира, а клиничката слика значително се подобрува. Клучот за успешно менаџирање на болеста лежи во континуирана долгорочна медицинска терапија и избегнување на потенцијалните тригер фактори.

    Latest Posts

    Мака мачите со ситни влакненца на лицето? – Решете го проблемот природно

    За сите жени кои мака мачат со влакненцата на лицето, решението е во кујната. 2 лажички брашно 1/4 лажички куркума во прав 3-4 лажици...

    Му испратила на сопругот разголени фотографии, а поради еден детаљ тој веднаш побарал развод

    Извесна Челси од Австралија одлучила на сопругот да му испрати разголена фотографија, но заборавила еден детаљ. Имено таа направила неколку фотографии во долна облека, но...

    Доктор од Босна: Три дена пред смртта ме прашуваат како да живеат здраво, посипи се со песок и навикнувај се на земја

    како и секаде така и во Босна и Херцеговина медиумите се обидуваат на граѓаните да им ја доближат здравата исхрана.Но,одговорот на еден доктор по...

    Фото: Среде ноќ ќерката барала помош од својот татко – ова го затекнал во нејзината соба

    Семејството Петегру од Австралија отишло на кампување на островот Моретон. Се делувало совршено, се додека таткото во 5 часот утрината не слушнал како неговата...

    АКТУЕЛНО

    Симптоми на рак на желудник – Делуваат како надуеност но многу се опасни

    Желудникот е многу важен орган во нашето тело, а токму ракот на желудник е многу голем проблем кој може да заврши фатално. Постојат симптоми кои...

    Д-р Даниловски: Порадикалните предвидувања велат дека на есен ќе имаме нов бран, па потоа уште еден наредната есен

    Авторите на индиската студија, која Нобеловецот Лук Монтање ја има спомнувано, го поставиле својот пишан труд на еден сајт за нерецензирани трудови (bioRxiv preprint...

    Посетила напуштено село и ја фотогрфирала црквата, па забележала нешто морничаво- пред градбата се појавила црна сенка (ФОТО)

    Жена тврди дека снимила нешто вознемирувачко додека фотографирала напуштено шпанско село. Таа вели дека се гледала сенка на човек иако немало никој. Жена заедно со своето...

    ВИДЕО: Болничарка снимила чудна појава во затворен дел од некогашна психијатриска болница

    Снимки, од кои ќе ве полазат морници, од една британска болница, во некогашното психијатриско крило, предизвикале паника меѓу мештаните во Бедфордшир. Имено, станува збор за...

    ВИДЕО: Ова девојче никогаш не било на море – секојдневно работи на нива, а има само една желба

    Мирсада Хаџиќ, ученичка во прва година во средно училиште во Козарска Дубица во Босна и Херцеговина има само една желба:  да види море. Меѓутоа, животот...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.

    error: Содржината е заклучена!