36 C
Skopje
четврток, јули 2, 2020

Македонскиот станува официјален јазик на Европската Унија

Во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија што денеска ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian),...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Го подтурнала момчето затоа што хрчи, но кога ја допрела перницата била влажна, а тој мртов – еве што била причината

    “Ни кажаа дека Луис го чека долг, здрав и среќен живот – но тој почина една година по дијагнозата”, ја започнала својата приказна 25-годишната...

    Белград ќе оди под карантин, 272 заболени во еден ден во Србија

    Српски Blic објави дека претседателот Александар Вучиќ вечерва ќе соопшти дека целосно го затвора главниот град Белград поради коронавирусот. Истата вест ја објави и...

    Српски доктор со шокантно откритие: Коронавирусот ги напаѓа тестисите кај младите луѓе!

    Многу млади луѓе имаат пневмонија, иако не беше така во март, април, мај, вирусот предизвикува тешка пневмонија и ги напаѓа помладите луѓе, како да...

    Тетка му пред смртта му рекла да погледне под машината за шиење, откри вистинско богатство (фото)

    Карл Сабатино беше со својата тетка до нејзината смрт. Само неколку дена пред да почионе, старицата му рекла на својот внук да разгледа добро...

    Д-р Даниловски: Порадикалните предвидувања велат дека на есен ќе имаме нов бран, па потоа уште еден наредната есен

    Авторите на индиската студија, која Нобеловецот Лук Монтање ја има спомнувано, го поставиле својот пишан труд на еден сајт за нерецензирани трудови (bioRxiv preprint repository), за набрзо да го симнат, откако коментаторите истакнале бројни грешки во нивната анализа.

    Она што Монтање го нарекол „елементи“ на ХИВ биле кратки елементи кои научниците ги откриле во геномот на коронавирусите во 2005 година. Тие се потребни за репликација на геномот и се среќаваат кај многу коронавируси. Значи, ако тоа што го рекол Монтање е точно, тогаш целото семејство на коронавируси – кое потекнува од пред повеќе од 10.000 години – би морало да биде направено во лабораторија, што е очигледно бесмислено, вели епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски во интервју за МИА.

    -Рестриктивните мерки што ги воведовме беа неопходни за да се одложи ширењето на епидемијата и да се олесни притисокот врз здравствениот систем („израмнување на кривата“). Тие мерки овозможија да се купи драгоцено време за да се подготви здравствениот систем, да се обезбеди лична заштитна и лабораториска опрема, достапна терапија и опрема за инфектолошките оддели. Тие исто така доведоа до намалување на интензитетот на пренесување на вирусот. Врз основа на исполнетоста на болничките капацитети, како и врз основа на вредноста на репродукцискиот број на болеста, која се спушти под 1, може да се констатира дека мерките ја постигнаа целта. Епидемијата стивна. Засега.

    Бидејќи рестриктивните мерки се на сила повеќе од два месеци, природно се поставува прашањето кога и како можат да се релаксираат. Тоа мора да биде постепено и да соодветствува на нивото на стивнување на епидемијата, постојано имајќи го предвид императивот да не се загрози здравјето на граѓаните (јавното здравје). Мора многу да се внимава да не се случи т.н. ефект на повратен удар (rebound) – да се повтори епидемискиот бран!

    Од друга страна, кога може да се укине состојбата на епидемија? Затоа што од тоа зависи целосното враќање на животот во нормала. Епидемиолошката струка е јасна. Состојба не епидемија може да се укине кога од последниот регистриран случај ќе помине период од две максимални инкубации на болеста – 28 дена. Дури потоа може да се одржуваат масовни настани без ризици по здравјето за граѓаните. Истото важи за која било земја.

    Меѓутоа, јасно е и дека понатаму ќе живееме некоја „нова нормалност“. Прашање е дали може да се задоволи горниот критериум? Веројатно не. Епидемиологијата е сурово крута, базирана на недвосмислени математички законитости. Оттаму, секаде во светот, одлуките за поголемо или помало релаксирање на мерките, како и за укинување на состојбата на епидемија, се политички – тоа значи, одлуки кои повеќе или помалку ќе ги игнорираат епидемиолошките критериуми! Властите мораат да поседуваат политичка мудрост за да проценат кој е најповолниот компромис што смеат да си го дозволат меѓу барањата на епидемиолошката струка, од една страна и актуелните предизвици на задушеното стопанство, социјален живот, но и претпоставените масовни здравствени проблеми, со кои ќе се соочува населението во идниот период, а кои ќе настанат како последица на живот под рестрикции во изминативе повеќе од два месеци, од друга страна. Само со сеопфатно „мерење“ на тежината на сите елементи „за“ и „против“, смеат да се донесат политички одлуки за делумно или целосно укинување на мерките, како и за одржување или неодржување на разни социјални, спортски и политички масовни настани.

    Имаме свежи примери за носење политички одлуки во оваа смисла, наспроти епидемиолошките критериуми. Во Словенија ја укинаа состојбата на епидемија, без да биде задоволен критериумот „ниеден случај во 28 дена“. Во Србија се закажани избори, исто така, без задоволување на тој критериум. И кај нас одлуката за одржување избори ќе биде политичка, значи, компромисна. Се надевам дека ќе биде донесена со максимално превагнување (почитување) на епидемиолошките критериуми.

    Која е мојата порака до граѓаните? Јасно е дека како општество ќе треба да научиме да живееме со вирусот, сè додека не се најде специфична заштита или ефикасен третман. Настапува неодредено долг период, кога рестриктивните мерки ќе се релаксираат, за да не настапи економска и финансиска пропаст за сите нас. Во тој период, шанса за нормално продолжување на животот имаме само ако се придржуваме до личните мерки за заштита. Ќе треба да сметаме практично само на самите себе во грижата за своетото и здравјето на своите најблиски.

    За да си ги зголемиме шансите таа грижа да ја спроведеме максимално ефикасно, треба постојано да се информираме за епидемиолошката состојба. Како и за начините за заштита – своја и на околината. Ама тоа да го правиме од проверени, вистински научни извори, а не од извори кои застапуваат теории на завери. Во кризни времиња, познато е, луѓето (наоѓајќи се во еден вид безизлез, соочени со суровата стварност), во голема мера се склони да веруваат на, во секој поглед, наивни и дури фантастични, теории за потеклото на несреќата, за начините за спас итн.

    Оттаму, од клучно значење е достапноста на правилни, научно втемелени, информации за реалните ризици за заразување со вирусот, како и за методите на заштита – кажа докторот.

    Во врска со тоа дали ќе има втор бран наесен тој вели дека времето ќе покаже.

    -Од самиот почеток на пандемијата, ние постојано учиме за вирусот и неговото однесување. Епидемиолошката логика вели дека додека не се постигне заштитно ниво на колективниот имунитет, пандемијата нема да стивне. За овој вирус се пресмета дека тоа ниво е меѓу 60 и 70%. Меѓутоа, тоа е „сува“ математика. Во реалноста, врз однесувањето на вирусот влијаат многу варијабли. На пример, неговите инфективност и вируленција, некои сметаат дека може да се намалат со бројните пренесувања (пасажи) од домаќин на домаќин, потоа, дека повисоките дневни температури ќе ја намалат неговата виталност итн. Ако овие претпоставки се покажат точни, тогаш нè очекува мирен период летово, а вториот бран можно е да не биде бран во вистинска смисла на зборот, туку само изолирани мали епидемиски кластери, неповрзани меѓу себе.

    Се разбира, ова не мора да биде вистина. Порадикалните предвидувања велат дека на есен ќе имаме нов бран, можеби посилен од првиот, па потоа уште еден наредната есен… сè додека човештвото не го достигне заштитното ниво на колективниот имунитет од 60% или додека не се најде ефикасна вакцина или специфичен третман.

    Јас лично отсекогаш сметав дека овој нов коронавирус, исто како и другите респираторни вируси, ќе стивнува во топлите сезони, а во есен и зима ќе се јавува помасовно, аналогно на грипот. Времето ќе покаже како ќе бид – вели Даниловски.

    Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

    Latest Posts

    Го подтурнала момчето затоа што хрчи, но кога ја допрела перницата била влажна, а тој мртов – еве што била причината

    “Ни кажаа дека Луис го чека долг, здрав и среќен живот – но тој почина една година по дијагнозата”, ја започнала својата приказна 25-годишната...

    Белград ќе оди под карантин, 272 заболени во еден ден во Србија

    Српски Blic објави дека претседателот Александар Вучиќ вечерва ќе соопшти дека целосно го затвора главниот град Белград поради коронавирусот. Истата вест ја објави и...

    Српски доктор со шокантно откритие: Коронавирусот ги напаѓа тестисите кај младите луѓе!

    Многу млади луѓе имаат пневмонија, иако не беше така во март, април, мај, вирусот предизвикува тешка пневмонија и ги напаѓа помладите луѓе, како да...

    Тетка му пред смртта му рекла да погледне под машината за шиење, откри вистинско богатство (фото)

    Карл Сабатино беше со својата тетка до нејзината смрт. Само неколку дена пред да почионе, старицата му рекла на својот внук да разгледа добро...

    АКТУЕЛНО

    Го изневерувам сопругот веќе две години, но дури сега дознавам колкаво ѓубре бил тој!

    На социјалните мрежи наидовме на една ваква исповед која не’ насмеа, па одлучивме да ја споделиме со нашите Галамџии. Еве како гласи статусот од...

    По породувањето 4 месеци молев лекарот да ме прегледа: Кога им ја кажав оваа реченица во ординација, повикаа полиција

    Четири месци откако ја родила ќерката, отишла кај лекарот. Морала да го тргне товарот од гради, но не очекувала дека ситуацијата ќе заврши така...

    Жена си ја отвори душата: Мојот сопруг е херој, но јас сакам да умре!

    Јас го сакам својот сопруг и сакам да му дадат инекција за евтаназија, но законот не ми дозволува, вели Линдзи Брингз, која се нашла...

    Четири начини да се спасите од влага и мувла во вашиот дом

    Влага и мувла во домот, се најголем кошмар на секое семејство, но постојат природни и лесни наини да се спасите од нив, еве неколку: Масло...

    Мама заборавила да се одлогира од фејс – кога видов какви гадости правела се откажав од неа!

    Социјалната мрежа Фејсбук е една од најпопуларните интернет страници меѓу сите генерации, но и број 1 кога се работи за расправии и раскинувања поради...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.