3 C
Skopje
сабота, февруари 22, 2020

Се огласи тимот на „Медена земја“ – „Не земавме Оскар, но горди сме на се што постигавме!“

Македонскиот тим на „Медена земја“ нема да се врати дома со Оскар. Откако не успеавме да триумфираме ниту во една од двете категории, креаторите...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Почнува судењето за организаторите на „27 април”

    Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието, почнува денеска пред Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател...

    Се разбудил со голема „модрица“, а потоа сфатил што направила неговата девојка

    Кога се разбудил насред ноќ, 23-годишниот Сем Филипс од Саутемптон, мислел дека целата нога му е покриена со голема модрица. Набрзо сфатил дека сè...

    Скандал во Данска: Водителка гола излегла на сцена – без ниедно парче облека дошла да ги додели наградите! (ФОТО)

    Данската водителка Иби Стовинг, ги додели наградите на „Zulu Awards“ и одлучила тоа да го направи целосно гола! Имено, без ништо на себе Иби излегла...

    Тешка кражба во „Сити мол“, уапсени странски државјани на лице место

    Две лица, државјанин на Албанија и еден Италијанец, биле уапсени во средата попладнето во скопскиот трговски центар „Сити мол“, поради сомнение за тешка кражба, известуваат...

    Изложба на фотографии „Париски перспективи“ на Роберт Јанкулоски

    Изложбата на фотографии „Париски перспективи“ на македонскиот уметник Роберт Јанкулоски ќе биде отворена денеска, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.

    Отворањето на изложбата ќе биде проследено со предавањето „Старата фотографија како инспирација во моите дела“, за време на кое Јанкулоски, директор на Македонскиот центар за фотографија, еминентен познавач на делото на браќата Манаки и актуелен декан на Катедрата за визуелни уметности при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје, ќе направи ретроспектива на неговото дело и ќе говори за старата фотографија како инспирација во неговата работа.

    Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари во излогот и во просториите на Францускиот институт во Скопје.

    Македонскиот визуелен уметник Роберт Јанкулоски е роден во 1969 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на Катедрата за камера. Тој има богато искуство, особено во доменот на старата фотографија, која му служи како инспирација за голем дел од неговите фотографии и дела. Во 2016 година фотографски дела на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна беа изложени во Меморијалниот музеј на Каен, Франција. Фотографските дела на браќата Манаки, првите кинематографи на Балканот, ги има изложувано и во САД, Белгија, Турција, како и низ повеќе културни институции во Македонија. Јанкулоски е познат по неговата неуморна работа врз дигитализирањето и обработката на стаклените плочи што се чуваат во Подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Битола, по неговото успешно заживување на фотографското наследство на браќата Манаки и возобнувањето на подзаборавените спомени од
    битолскиот регион и Македонскиот фронт, од почетокот на дваесеттиот век. Седумнаесет фотографии од браќата Манаки се постојано изложени во Меморијалниот комплекс на Француските воени гробишта во Битола. Има реализирано бројни самостојни изложби во земјава и странство: Турција,
    Србија, Црна Гора, Франција, Бугарија, Австрија, а добитник е и на повеќе награди.
    Работел и како директор на фотографија на повеќе краткометражни и документарни филмови, а во 2017 година го реализира долгометражниот документарен филм „Манаки, приказна во слики“.
    Во 2018 година, овој уметник беше одликуван од страна на амбасадорот на Франција со орденот витез од Редот на уметностите за неговиот придонес во збогатувањето на македонско-француските односи на полето на културата. Основач е на Македонскиот центар за фотографија во 2000 година, а во моментов е професор и декан на Факултетот за филмски уметности на Универзитетот за
    аудиовизуелни уметности – ЕФТА Париз-Скопје-Њујорк во Скопје.

    Latest Posts

    Почнува судењето за организаторите на „27 април”

    Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието, почнува денеска пред Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател...

    Се разбудил со голема „модрица“, а потоа сфатил што направила неговата девојка

    Кога се разбудил насред ноќ, 23-годишниот Сем Филипс од Саутемптон, мислел дека целата нога му е покриена со голема модрица. Набрзо сфатил дека сè...

    Скандал во Данска: Водителка гола излегла на сцена – без ниедно парче облека дошла да ги додели наградите! (ФОТО)

    Данската водителка Иби Стовинг, ги додели наградите на „Zulu Awards“ и одлучила тоа да го направи целосно гола! Имено, без ништо на себе Иби излегла...

    Тешка кражба во „Сити мол“, уапсени странски државјани на лице место

    Две лица, државјанин на Албанија и еден Италијанец, биле уапсени во средата попладнето во скопскиот трговски центар „Сити мол“, поради сомнение за тешка кражба, известуваат...

    АКТУЕЛНО

    Боки 13 и неговата мајка на шопинг во Милано за три дена потрошиле 148.000 евра

    За неколку дена, на шопинг во Милано Италија, односно крајот на февруари 2019 година, Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка Јовановска потрошиле стотина илјади...

    ЕК ја усвои новата Методологија, процесот почнува и завршува со владеење на правото!

    Европската комисија денеска ја усвои новата методологија за проширување која се однесува на земјите од Западен Балкан, со исклучок на Србија и на Црна...

    На државната администрација од годинава ќе ѝ се исплаќа К15

    На вработените во државната администрација од оваа година ќе им се исплаќа регрес за годишен одмор (К-15). Оваа одлука беше донесена на денешната владина седница,...

    (ВИДЕО и ФОТО) Силен ветер во Скопје, паднати дрвја, урнати билборди

    Во Скопје синоќа дуваше силен ветер со брзина од околу 70 километри на час. Во делови од градот има откорнато покриви и дрвја кои...

    Страотна сообраќајка во Скопје: Загина македонската кошаркарска легенда

    Синоќа во страотна сообраќајка во населбата Кисела Вода животот го загуби македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур, роден на 15 октомври 1950 во...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.

    error: Содржината е заклучена!