Роден е во 2000 година во Виена и е еден од 90-те Австријци кои беа спречени да одат во Сирија во јули, објави Ројтерс.
Идентитетот на напаѓачот во Виена е потврден и тоа е Куртин С. чии родители се Албанци од Северна Македонија, објави уредникот на Фалтер, Форијан Кленк, пренесува Ројтерс.
Роден е во 2000 година во Виена и е еден од 90-те Австријци кои беа спречени да одат во Сирија во јули.
Бројот на луѓе кои загинаа во синоќешниот напад во Виена се зголеми на четири утрово, пренесува Танјуг.
Како што потврди Министерството за внатрешни работи, жена на возраст од 40 до 50 години почина утрово на клиника во 16-та област во Виена.
Нападот на тој начин чинеше животи на две жени и двајца мажи.
Покрај цивилите, еден напаѓач беше убиен од полицијата, која, според градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, имала автоматска пушка, пиштол и мачета.
„Тоа укажува на тоа дека тој се подготвувал за овој напад“, додаде тој.