Македонскиот филм „Сведок“ во режија на Митко Панов почна со прикажување во киното „Милениум“.

Филмот е херојска авантура на еден млад и амбициозен приправник во Хаг, Винс Харингтон (Padraic Delaney) кој доаѓа на Балканот во потрага по сведокот кој може да стави крај на процесот против генерал Пантиќ (Рефет Абази). Но, во моментот на соочување со таинствената легенда, генералот Никола Радин (Бруно Ганц) и неговата ќерка Инес (Наташа Петровиќ) локалната власт тргнува во хајка против нив. При самиот крај на својата авантура на Балканот, Винс ќе се соочи со судирот меѓу правдата на срцето и онаа на хашките легислативи, запаѓајќи и самиот во нејзината јамка.