Кинескиот Хебеј Чајна Форчн му понуди тригодишен договор на бразилскиот дефанзивец Хавиер Маскерано. Годишната плата на Аргентинецот ќе изнесува 7 милиони евра.

Според информациите објавени во шпанските медиуми, Барселона се согласила да го пушти 33-годишниот фудбалер за 10 милиони евра.

Самиот играч, исто така, изрази желба да го напушти „Камп Ноу“, бидејќи тренерот Ернесто Валверде не можеше да му гарантира место во првиот тимот.

Договорот на Маскерано со Барселона истекува за 18 месеци.