6 C
Skopje
недела, јуни 13, 2021

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ивана го реновираше купатилото за помалку од 100 евра: Сè изгледа како ново

    Кога не сте задоволни од изгледот на одредена просторија во вашиот дом, а немате или не сакате да вложите илјадници евра за да ја...

    Поранешната сопруга на Ерос Рамацоти: Сектата ни го уништи бракот!

    “Мојот поранешен сопруг имаше сомнежи кон таа терапевтка и нејзината секта. Еден ден ме стави пред готов чин: или тие или тој’, се потсетува...

    Снашке, јас сум мајка на твојот сопруг, баба на твоите деца, па затоа треба да дигнеш кога ти вртам

    Видов многу совети за свекрви, во кои се зборува што смеат, а што не, само да не ја изнервира снаата. Јас се трудам. Но,...

    Во врска сум со женет – најмногу ме нервира тоа што наутро се буди со жена му

    Што има во главата на жената кога е во врска со оженет маж? Со оној кој наутро се разбудил до својата сопруга, а попладне...

    Не е сјајно: Болниците ни се кнап, а повеќето внатре се на кислородна маска

    Инфективната клиника се пополни со пациенти заразени од коронавирус, па почнаа да се примаат пациенти и во монтажната болница, каде има уште педесетина слободни кревети. Со интензитетот на хоспитализации, уште неколку денови не делат од моментот кога и модуларната болница ќе се исполни максимално со пациенти од ковид-19.

    Од оние кои се хоспитализирани на клиниката, голем процент е на кислородна поддршка, вкупно 80 од 108 пациенти. Нема пациенти на респиратор. Откако ќе се пополнат и останатите болнички легла, на сила ќе стапи полицискиот час. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче. Целта е неколку недели да се стабилизира напливот на хоспитализации, за да се испразнат капацитетите и да се подготват за други пациенти.

    Директорката на Инфективната клиника, доктор Милена Стевановиќ вели дека поради тоа што има високи бројки на новозаразени, ќе има и многу хоспитализации.

    – Ако се преполни модуларната болница, во која доаѓаат пациенти од цела Македонија, ќе мора да се активираат и останатите болници, но тогаш со толкав број на пациенти, медицинскиот кадар како и до сега ќе го дава максимумот но нема да биде исто. Ќе се нема време да се посвети на еден пациент, во смисла да го пресоблечат неколку пати, да им се сменат пелени, да ги нахранат полека. Квалитетот секако ќе биде помал. Тоа е маката всушност и затоа сите овие месеци апелиравме да се почитуваат мерките за да нема огромен наплив на пациенти. А верувајте, дури десет проценти од новозаразените завршуваат во болниците, вели доктор Стевановиќ за Фактор.

    Моментално во земјава има над шест илјади активни случаи на Ковид 19, а само последното деноноќие регистрирани се рекордни 641 од кои најмногу во Скопје. Освен тоа, смртноста од вирусот неделава бележи раст, и во еден ден сега умираат и по 10 до 12 луѓе. Само маската, дистанцата и честото миење на рацете, се клучни за спречување пандемијата во земјава дополнително да ескалира.

    Во ГОБ 8 Септември има вкупно 47 пациенти кои се лекуваат од коронавирусот, а од нив на респиратор се петмина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    И во болницата во Штип е преполно со пациенти заразени со коронавирус, па тие сега се препраќаат во Кочани каде едно интерно одделение е модулирано во Ковид центар. Од сите што биле хоспитализирани завчера во Штип, половината се на кислородна поддршка, а раководството тврди дека кога ќе дојдат на болничко лекување, веќе пациентите имаат тешка клиничка слика.

    Извор: Slobodenpecat.mk

    Latest Posts

    Ивана го реновираше купатилото за помалку од 100 евра: Сè изгледа како ново

    Кога не сте задоволни од изгледот на одредена просторија во вашиот дом, а немате или не сакате да вложите илјадници евра за да ја...

    Поранешната сопруга на Ерос Рамацоти: Сектата ни го уништи бракот!

    “Мојот поранешен сопруг имаше сомнежи кон таа терапевтка и нејзината секта. Еден ден ме стави пред готов чин: или тие или тој’, се потсетува...

    Снашке, јас сум мајка на твојот сопруг, баба на твоите деца, па затоа треба да дигнеш кога ти вртам

    Видов многу совети за свекрви, во кои се зборува што смеат, а што не, само да не ја изнервира снаата. Јас се трудам. Но,...

    Во врска сум со женет – најмногу ме нервира тоа што наутро се буди со жена му

    Што има во главата на жената кога е во врска со оженет маж? Со оној кој наутро се разбудил до својата сопруга, а попладне...

    АКТУЕЛНО

    Филипче најави вакцини на крајот на месецот: Болничките капацитети се полнат- не се исклучува можноста за карантин

    Се очекува вакцините од „Астра Зенека“ да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, рече вчера министерот...

    Од СЗО го открија изворот на пандемијата – знаат од каде започна да се шири коронавирусот

    Во извештајот што ќе биде објавен во следните недели, СЗО детално ќе го објасни изворот на пандемијата на Ковида-19, пишува livescience. СЗО започна опсежна истрага...

    ВМРО-НП: Владата да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови

    ВМРО-Народна партија по трет пат ја повикува Владата на Република Северна Македонија да дозволи увоз и употреба на лични и брзи ПЦР тестови. Ваквите тестови...

    Георгиевски: Еве ви кукавици отворена понуда за дуел

    Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со...

    НОВ ТРЕНД! Силиконски кукли кои изгледаат како вистински бебиња! Дишат и се движат! (ВИДЕО)

    Компанијата „Бебиклон“ прави многу верни копии на бебиња, а секоја од нивните кукли доаѓа со сертификат за автентичност и интегриран чип, така што клиентот...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.

    error: Содржината е заклучена!