Подгответе се. Бидејќи има уште една хорор невестинска приказна која станува вирална, а оваа вклучува… договори.
Поточно, желбата на една невеста да има свој број на деверуши потпишува документ што ги предвидува условите за нејзината венчавка. Но, договорите не диктираат само што жените можат или не можат да сторат на денот на венчавката. Не. Тоа би го игнорирало фактот дека очигледно има многу работи на кои деверушите мора да се согласат пред венчавката.
Приказната почнува вака: Прочитав многу хорор приказни за невести кои имаат проблеми со нивната невестинска забава и само сакам планирањето и денот на венчавка да минат без проблеми“, споделила анонимна жена со група на Фејсбук. Потоа споделила можни договори кои може да и послужат за нејзината венчавка. Таа изјавила дека потпишувањето на овој документ ќе ја спречи множноста нешто да тргне наопаку, и на тој начин сите работи ќе бидат организирани. На што навистина би се согласиле деверушите?
Некои од одредбите како што следува биле:
- Нема да качам 3 кг во периодот до свадбата.
- Нема свесно / несвесно да забременам повеќе од 3 месеци пред венчавката.
- Нема да направите некоја голема промена на косата без претходно да ме известите и да ми дадете примерок фотографија како би изгледала косата.
- Нема да донесам несоодветен партнер на венчавката или приемот.
- Ќе ги задржам косата и шминката свежи во секое време.- Нема да се обидам да ја надминам невестата на кој било начин.
- Се согласувам да носам фустан по избор на невестата, без оглед на моите сопствени мислења за стилот или бојата.
- На приемот нема да консумирам повеќе од 10 единици алкохол.
Вториот договор предложен од анонимната идна невеста се чинел малку помалку…интензивен.
Иако не е доволно да се каже дека бил поразумен од претходниот. Сепак, бил со попријателска нота од претходниот.
Невестат понатаму напишала: „Што е најважно, известете ме ако ви биде непријатно со што и да било, во кое било време, во врска со кој било аспект од целата оваа зделка“, гласел договорот на крајот. Ако чувствувате дека барам премногу, ако се чувствувате како да не правите доволно, ако трошоците се проблем, воопшто, било што. Апсолутното последно нешто што сакам е да се чувствувате како да наметнувам некои работи или слично. Сè што навистина сакам е вашето пријателство и поддршка “.Што изгледа контрадикторно на се она што е наведено погоре во условите, ама како и да е.
Објавата бргу станала вирална, а значителен број на корисници на Фејсбук коментирале. Неколкумина дури се сомневале дали договорите се навистина реални.Некои од коментарите биле:
-Како воопшто има деверуши? Ова мора да е некоја шега, затоа што НИКОЈ со здрав УМ не би отишол на свадба знаејќи дека невестата е луда од самиот почеток, напишала една жена.
-Искрено ако ми дадеш ваков договор, веројатно ќе ти кажам да одиш по ѓаволите и ќе ставам крај на нашето пријателство, додал друг.
– Јас би рекол дека ова е врв на невестите, но повторно, кој знае што ќе донесе утре.