Еј драг мој сопственику, ти пишувам јас твојот добар другар стомакот што се наоѓам тука некаде над каишот…

fat

Имавме одлична година, да знаеш. Целата вкусна храна, јадењето после полноќ, соковите, колачите и чоколадите. Благодарение на ова вкусно задоволство, цело лето не ја соблече блузата, со што спречив да ти изгори телото.

Посебно ми беше убаво дружењето со тебе за време на празници, посебно уживав во вкусните благи работи кои со задоволство ги јадееше. Најдобар поклон што можев да го добијам оваа година се 20 000 калории, ти благодарам најмногу за нив.

Толку убав третман имав што посакувам уште една година да останам тука долу, ако не ти сметам. Но, имам една забелешка, купи си поголеми панталони за и јас да се ослободам малку. Те молам и престани да одиш на на тренинг и да вежбаш зашто не ми е баш удобно. Користи го мозокот повеќе, за да не го напрегаш телото.

Посебно се радувам што ми приредуваш толку многу убав третман со храна и те советувам да престанеш да тренираш за што подолго да се дружиме.

Твојот верен другар

СТОМАКОТ!