Во ова време на невреме, покрај социјалното дистанцирање многу музички имиња покажаа дека креативноста сепак не изостанува. Додека трае домашната изолација и полицискиот час, музиката е најдобриот начин да бидеме сплотени.
Александар и Дац не престанаа да ја забавуваат публиката преку Фејсбук со видеа во живо, но овој пат тие направија вистински бум со каверот ”Корона Чао”.
“Корона Чао” е кавер на познатата Bella Ciao, во придружба на Брастет Скопје, направен за добра забава. Оваа песна е дел од серијалот на Дац и Александар и нивните секојдневни “карантински” online настапи на FB. А спотот е снимен во време на карантин, во домашни услови на учесниците.