9.2 C
Skopje
четврток, јуни 4, 2020

Над 110 заболени од ковид-19 што е рекорден број за еден ден

Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    100% ефикасна: Со оваа диета ќе изгубите 7-12 кг за две недели

    Оние што ја пробале велат дека е 100% ефикасна. Хељдата има помалку калории од другите житарки, а содржи многу протеини, аминокиселини, железо, магнезиум, калиум,...

    Ми открија рак на дојка, ве молам не го игнорирајте овој симптом споделете сакам сите жени да го видат

    Шери Родс е мајка на три деца, на која вчера и бил дијагностициран рак на дојка. Таа одлучила на Фејсбук да сподели фотографија од...

    Над 110 заболени од ковид-19 што е рекорден број за еден ден

    Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за...

    ДЕТАЛНО: Колку случаи на коронавирус има во секој град во Македонија

    Вкупниот број на заболени лица во Македонија од коронавирус е 2.491 случај. Како активни случаи се водат 741 лица. Најголем број заболени лица има во...

    „Последниот“ бакнеж на една мајка бил проследен со чудо

    Нема пострашна вест за еден родител од веста дека ќе го изгуби своето дете. Кога докторите ѝ кажале на Џенифер Лосон дека нема надеж за нејзината 14-месечна ќерка, таа го искористила секој момент за да ја опсипе со нежност и љубов малата Алис.

    На фотографијата е прикажан моментот кога Џенифер мислела дека ја бакнува својата ќерка за последен пат, за да ѝ каже збогум. „Како ќе можам да продолжам понатаму без неа?“ – си мислела таа во тие очајни моменти.

    Но, очигледно некој не сакал малото девојче толку рано да се раздели од својата мајка. Кога сите мислеле дека Алис ќе го испушти последниот здив, а докторите чекале за да ги земат нејзините органи за донирање, се случило чудо. Алис се изборила да остане на овој свет.

    Пред да дојде на работ на смртта, храбрата Алис еден месец се борела со менингитис (meningococcal meningitis) и сепса, болести кои предизвикале да ѝ откажат бубрезите и да добие мозочен удар. Кога на родителите им било кажано да се подготват за последното збогум, Алис била во кома, а медицинска опрема ја одржувала во живот. Докторите биле убедени дека откако ќе ги исклучат апаратите, Алис ќе умре.

    Сакајќи животот на Алис да не отиде залудно, Џенифер се согласила нејзините органи да бидат донирани за да му се помогне на некое друго дете. Таа за „Дејли Мејл“ изјавила:

    „Се обидував да ѝ кажам колку ја сакам, се надевав дека ме слуша и разбира. Зборував со неа како да не се случува ништо лошо, но бев во делириум. Сè беше толку нереално. Ја чувствував нејзината топлина, ги гледав нејзините розови образи. Таа изгледаше како бебе што спие. Минатото и иднината се споија во тој момент. Ѝ кажав колку сум горда со неа, дека се бореше долго и дека сега треба да се одмори. Потоа, легнав до неа.“

    Џенифер и нејзините две ќерки (малата Алис и 8-годишната Тејлор)

    „Бев зашеметена. Ми кажаа дека ќе умре тоа утро, дека ги исклучуваат машините затоа што таа никогаш не би можела да дише сама. Па, се убедував себеси дека таа веќе е замината, дека тука лежи само нејзиното тело. Но, тоа не оди така. Се држиш за надежта додека сè уште има останато.“

    „Докторите дојдоа по нејзините органи. Одненадеж исклучија сè. Алис лежеше на креветот, светлата беа придушени. Докторите ѝ ставија морфиум и нè оставија насамо, бевме само Алис, јас и нејзиниот татко, мојот партнер Фил.“

    „Тогаш го бакнав моето мало девојче. Таа беше толку топла што не можев да си замислам дека се очекуваше да умре.“

    За среќа, исклучувањето на апаратите не значело крај на животот на Алис. Таа започнала сама да дише, иако никој не верувал дека тоа може да се случи.

    Среќниот татко раскажал: „Медицинската сестра влезе и ни го рече најчудното нешто. Ни кажа дека тимот за донирање на органи си заминал, дека нема да бидат потребни. Потоа дојде докторот и ни кажа дека Алис дише без апарат. Тие ја набљудувале преку монитори во одделна просторија и го виделе нејзиното подобрување.“

    Џенифер и нејзините две ќерки (малата Алис и 8-годишната Тејлор)

    Џенифер сега со голема болка се присетува на тие страшни моменти, но и на радоста од ненадејното опоравување на Алис. „Направивме отпечатоци од нејзините раце и нозе за спомен и останавме со неа до доцна, буквално губејќи свест од замор во текот на раните утрински часови. Рано тоа утро отидов до нејзиниот кревет во одделението за интензивна нега и ѝ однесов балони. Таа обожаваше балони. Ги врзав за креветот и ја бакнав. Кога го направив тоа, светот сопре за момент. А потоа, се случи чудото“ – изјавила Џенифер.

    Закрепнувањето било мачно, затоа што Алис повторно била како новороденче. „Не можеше да ја контролира главата и да седи, но функционирањето на нејзините бубрези се подобруваше. Тоа ни беше како победа. Ја хранеа преку цевка, па кога за првпат зеде пасирана храна, тоа беше друг триумф. Потоа започна да посега по мојата рака. Половина од нејзиното лице беше парализирано, но бавно нејзината насмевка се врати“ – објаснила Џенифер.

    Денес Алис е среќно три и пол годишно девојче. Но, борбата со болеста не ја оставила без последици. Едната нога ѝ е покуса од другата, па не може да се движи без помош. Не може да зборува, иако секој ден се подобрува. Неодамна за првпат го изговорила зборот „мама“. Сè уште се храни преку цевка, бидејќи не ѝ е вратена способноста да голта.

    Фил и Џенифер се откажале од своите кариери за да можат да се фокусираат на подобрувањето на здравјето на Алис, но се пресреќни што таа е жива.

    „Кога навечер ќе погледнеме во нејзината соба и ќе ја видиме како спие мирно, за момент стоиме и си мислиме колку сме среќни. Таа навистина е нашето чудо“ – рекла Џенифер.

    Latest Posts

    100% ефикасна: Со оваа диета ќе изгубите 7-12 кг за две недели

    Оние што ја пробале велат дека е 100% ефикасна. Хељдата има помалку калории од другите житарки, а содржи многу протеини, аминокиселини, железо, магнезиум, калиум,...

    Ми открија рак на дојка, ве молам не го игнорирајте овој симптом споделете сакам сите жени да го видат

    Шери Родс е мајка на три деца, на која вчера и бил дијагностициран рак на дојка. Таа одлучила на Фејсбук да сподели фотографија од...

    Над 110 заболени од ковид-19 што е рекорден број за еден ден

    Повеќе од 110 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за...

    ДЕТАЛНО: Колку случаи на коронавирус има во секој град во Македонија

    Вкупниот број на заболени лица во Македонија од коронавирус е 2.491 случај. Како активни случаи се водат 741 лица. Најголем број заболени лица има во...

    АКТУЕЛНО

    ВИДЕО: Отстранува бигор без мака – 8 милиони луѓе се воодушевени од овој трик

    Кујната е срцето на домот и местото каде подготвуваме храна за домашните, па затоа треба секогаш да биде чиста. Ако и вас ве мачат наслагите...

    Што никако не треба да се направи при посетата на Острог – правила кои треба да се почитуваат

    Манастирот Острог е еден од најпосетените манастири на Балканот, Во него секој верник треба да пристапи со чисто срце и молитва, во надеж дека...

    Си мислев дека го пораснав син ми во добра личност, но вистината е сосема различна

    Ќе го родиш, ќе му го посветиш животот нему, и кога ќе порасне ќе му е тешко слушалката да ти ја крене. Да праша:...

    Што се случува кога ќе умреме: Исповед на девојката која се вратила од мртвите ќе ве остави без текст…

    Ако некогаш сте се прашувале каков е задгробниот живот, ова е совршена прилика да дознаете! Во моментот на смртта, некоја чудна енергија ја носи...

    Молитва која ќе направи чуда во вашиот живот

    ,,Даровите од Бога – се моите дарови. Јас ги користам во секој момент од денот. Со мене се во Божествената хармонија, мир и изобилство....

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.

    error: Содржината е заклучена!