Пакетот финансиска помош што Саудиска Арабија ќе им го подели на државјаните за полесно да го поднесат зголемувањето на трошоците за живот вреди 13,3 милијарди долари.

„Издвојувањето на 50 милијарди риjали ќе покаже дека лидерите се грижат за граѓаните и за нивниот квалитет на живот“, изјавил министерот за култура и информирање, Авад бин Салех Алавад за весникот „Ал шарк ал авсат“.

Кралот Салман наредил пензионерите и војниците да добиваат бонуси, а државата да го плаќа данокот при купување на куќа или стан. Освен тоа, годинава владата за помош на домаќинствата ќе издвои уште 30 милијарди риjали, при што семејствата со средни и ниски примања ќе добиваат месечна парична помош.