Ниски плати, мобинг, работа во просечни услови за заштита на здравјето, недоверба во инспекторатот и во синдикалното дејствување. Текстилните работници и денеска се со нарушени работнички права, пишува Lokalno.mk
Според официјалните статистики, вработени во овој сектор се некаде околу 37.000 лица, од кои над 80 проценти се жени. Платата реално можеби некаде во државните институции и статистички се повисоки, но во голем дел од фирмите во источниот регион платата се движи околу минималната плата, значи 12.500 денари.
Сведоштвата кои ги објави порталот Локално од страна на текстилните работнички зборуваат за лошите услови во кои тие секојдневно работат.
“Тоалетот е отклучен само кога ќе дојде инспекција, штом тие заминат газдите повторно го заклучуваат. Преку лето не ни ја пуштаат климата, а истото се случува и преку зима. Работиме во многу лоши услови. Секој ден ни вршат притисок дека мораме да изработиме што повеќе, а К15 не сме добиле никогаш”, изјави нашата соговорничка од Штип која сакаше да остане анонимна, плашејќи се на не ја изгуби можноста за гола егзистенција.
Познавачите на оваа проблематика велат работите се помрднати од мртва точка во која стоеја со децении. Тоа значи дека има покачување на минималната плата од 9.500 на 12.500 денари, се укина нормираниот учинок од Законот за минимална плата, работничките се доста охрабрени да побараат совет или помош, а честопати се упатуваат и во самите институции да пријават прекршување.
Кристина Ампева од НВО Гласен Текстилец, смета дека состојбата во огромен процент од фирмите и конфекциите е поразителна.
“Да не генерализирам, но барањата на работодавачите, односно на текстилниот кластер не е мислење и барања на сите работодавачи. Голем дел се свесни дека секторот е во лоша состојба, нема интерес од страна на младите за вработување во оваа индустрија и имаат поради истите причини проблем да ги достават нарачките навремено до странските нарачатели”, истакна Ампева.
Целиот текст на овој ЛИНК