Нов протест против загадениот воздух ќе се одржи утре напладне пред Владата. Протестот го организираат  граѓани кои повикуваат на масовност преку социјалните мрежи.

„Британската влада во 2.000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето.

Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, се вели во повикот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук.