Шпанскиот ресторан “El Celler de Can Roca” е прогласен во понеделник вечер во Лондон за „најдобар ресторан на светот“ на влијателната листа „50 најдобри“, хит парада на светската гастрономија што ја организира британската медиумска групација Вилијам Рид.

resto

Ресторанот на браќата Рока, во кој Жоан ја води кујната, Жорди е слаткар, а Жозеп главен сомелиер, ја врати титулата што ја имаше и во 2013 година.

Угостителскиот објект во Гирона, на североистокот на Шпанија, го наследува „Нома“ на Рене Реџепи, ресторан сместен во реновираниот поморски магацин во Копенхаген, прв на листата во 2014 година.

Наградата беше доделена во Лондон на свеченост на која се собраа водечките шефови од целиот свет.