Летото е зад нас, бронзениот тен одамна е избледен, а телата ни се прекриени со потопла облека. Сè станува потивко и помирно, многумина веќе уживаат во храната како ајварот, печените пиперки, а наскоро на ред ќе дојде и неизбежната – сарма.

Многумина во ладните месеци не се грижат премногу за изгледот бидејќи недостатоците ги прикриваат со подебели пантолани и џемпери, меѓутоа, освен за изгледот, треба да се грижите и за вашето здравје.

Дознајте зошто е потребно редовно да вежбате и што се случува со телото ако не вежбате само 14 дена:

1. Заборавете на двете недели – вашето тело се менува веќе после три дена од престанокот на вежбањето

Фитнес-стручњаците наведуваат дека мускулната маса се намалува ако не ја употребуваме и дека тонусот побрзо исчезнува кај оние мускули коишто помалку ги користиме, како, на пример, стомачните мускули, во однос на мускулите на нозете. Поради тоа треба редовно да вежбате, не е неопходно секој ден, но да се држи телото во редовна подготвеност.

2. Сите мора повеќе да се трудиме многу за да го повратиме она што сме го изгубиле

Стручњаците наведуваат дека за враќање на мускулната сила е потребно двојно повеќе време од периодот на паузата од вежбање.

3. Дали се прашувате зошто едноставно не можете да престанете да мислите на мрсната и калорична храна?

Причините се недостатокот на енергија, лошото расположение и недостатокот на упорност. Меѓутоа, со редовно вежбање ќе го поправите расположението, поквалитетно ќе се храните, но и ќе станете поупорни за да го правите токму она од што и се чувствувате подобро.

4. Претерувате со вежбањето, па потоа ќе ви преседне

Многумина претеруваат со вежбањето за во еден момент да одлучат да се одлучат за пауза. Токму во тој период може да дојде до емоционален стрес, бидејќи телото и мозокот се навикнуваат на задоволството кое што веќе го нема.

5. Ако редовно не вежбате, заборавете на мирните ноќи и спиењето како бебе

Ве загрижуваат неплатените сметки, кредитите, како ќе ги платите трошоците кои се повеќе ги има, а платата е иста или помала? Тој стрес најбрзо и најлесно ќе го исфрлите од телото со вежбањето и со сигурност ќе спиете подобро.