6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Алијанса за Албанците: Бегството на Никола Војминовски покажува дека затворите се изградени само за Албанците

    Неодамнешното бегство на Никола Војминовски и амнестијата на другите осуденици за 27 април, покажува дека затворите се изградени само за Албанците, и осудените Македонци или треба да избегаат или да се амнестираат, бидејќи таква била постојаната традиција на правосудниот систем во Македонија, секогаш со два стандарда, еден за Македонците и друг за Албанците, реагираат од Алијансата за Албанците во врска со информациите дека Војминовски, кој е осуден за обидот за убиство на Зијадин ела избегал.

    „Дека Македонија станува земја на чуда и дека тука има сé освен правда и владеење на правна држава, говори и бегањето на едниот од напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, осуден на 13 години затвор за убиство во обид, Никола Војминовски, кој иако осуден за тешко кривично дело му се дозволи да остане во домашен притвор, наводно поради здравствени причини, каде што државните институции и МВР потклекнуваат пред криминалците и корумпираните“, велат од Алијансата за Абланците.

    Овие бегства, велат од таму, координирани и поддржани од страна на власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР и политизираните судови, по Законот за амнестија и бегството на Груевски, ја убиваат и последната надеж во Македонија дека некогаш ќе може да се врати правдата, и дека криминалот во Македонија не се санкционира, туку честопати се охрабрувана, па дури и се наградува.

    „Оваа власт која дозволува бегство на криминалец осуден на 13 години затвор за убиство во обид, не може да ја заштити слободата на никого, бидејќи криминалот и корупцијата длабоко метастазирале во политичкиот менталитет на сите влади, па и на сегашната“, велат од партијата.

    Од таму упатуваат апел до Владата, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството да ја вршат својата работа во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела, или во спротивно ќе се сметаат како соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.