6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Арамија во Норвешка останал заклучен во автомобил кој сакал да го украде

    Крадец на автомобили во Норвешка ја повикал полицијата да го спаси откако останал заклучен во автомобил што сакал да го украде.

    Како што соопшти полицијата од Трондхајм, младиот човек преку мобилен телефон ги повикал полицајците од автомобил во кој останал заклучен на паркинг пред автосалон, пренесува агенцијата АП.

    Норвешката телевизија NRK соопшти дека станува збор за 17-годишно момче, кое поради прекршоци и претходно ѝ било познато на полицијата.

    За сега останува тајна зошто сите врати се блокирале, па младиот арамија останал заглавен во автомобилот.

    Полицијата на „Твитер“ објави дека брзо се упатиле кон местото за да го спасат крадецот и да го стават во притвор.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.