6 C
Skopje
сабота, април 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Атиџе разочарана од луѓето: Ми скршија 20 трмки, две полни со пчели ми украдоа

    Не се плашам од корона, се плашам од лоши луѓе, вели Атиџе Муратова, ѕвездата од оскаровскиот македонски документарен филм „Медена земја“.

    Жената која пред само неколку месеци нѐ обедини сите, жената од која сите се чукавме во гради дека имаме многу што да научиме, со нејзината последна изјава во медиумите повторно нѐ врати во суровата реалност.

    – Кај да бидам, тука сум со пчелите. Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имав што да видам. Дваесет нови трмки кои требаше да се населат со пчели беа искршени, а две постари трмки полни со пчели ми украле. А, годинава не знам како ќе биде, малку повеќе дува ветер, а кога дува не се ројат. Ме нервира лошото во луѓето, да живее некој за да му наштети на другиот. Ете, тоа не можам да го разберам.

    Јас никому не сум му наштетила, ниту сакам. Јас не сум таков човек и затоа тоа не можам да го разберам кај другите луѓе – раскажува разочарано Муратова за порталот „ММС“.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.