6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Бакнала минувач на Ајфеловата кула: Заборавила да земе контакт, потоа тргнала во потрага по него на Твитер, поради што се покајала (ВИДЕО)

    Животот секој ден ни сервира разни ситуации, а некои од нив се толку неочекувани што во момент не можеме да се снајдеме.

    Јулијана Колорес со пријателите отпатувала во Париз и себеси си дала ветување дека ќе бакне некој минувач на Ајфеловата кула. На почетокот тоа не и одело од рака затоа што кулата била празна, но кога се појавило едно момче, на нејзино изненадување се согласил. Со момчето била и неговата мајка, која била толку воодушевена што неочекуваниот момент го забележала со фотографија.

    Но, таа неочекувана средба прилично ја збунила, па заборавила да го земе неговиот број  од телефонот.

    Кога сфатила каква прилика пропуштила, Јулијана веднаш се фрлила во потрага по него на интернет.

    На Твитер поставила негова фотографија во случај некој да го препознае. Романтично, зарем не? Твитерашите веднаш се фрлиле во барање на таинствениот франи, како да станува збор за прашање на живот или смрт.

    Го пронашле Инстаграм профилот на неговата мајка, па на тој начин дошле и до него.

    Но, тука приказната добива неочекуван пресврт. Твитерашите откриле дека Гевин наводно има девојка, па почнале да го напаѓаат и него и неговата мајка, како можела на синот да му дозволи да бакне друга жена.

    Имало и такви кои го бранеле, дознавајќи дека не е многу активен на Фејсбук, па можеби станува збор за поранешна врска.

    После тоа, Јулијана им се заблагодарила на сите на помошта, но ги замолила да не ги малтретираат Гевин и неговата мајка повеќе, без разлика дали има девојка или не.

    Оваа приказна не добила среќен епилот за овие двајца млади, но секако е доказ како интернетот може некому да му го загорчи животот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.