6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Бразил и Аргентина: Мадуро е диктатор

    Претседателите на Бразил и Аргентина соопштија дека во Венецуела владее диктатура.

    „Повторно ја осудуваме диктатурата на Николас Мадуро. Не ја прифаќаме таквата навреда на демократијата“, рече претседателот на Аргентина, Маурицио Макри, на прес-конференција во претседателската палата во Бразил, по состанокот со бразилскиот колега Џаир Болсонаро.

    Макри додаде дека меѓународната заедница веќе видела дека Мадуро е диктатор кој сака да остане на власт по пат на фиктивни избори, апсење на противниците и со воведување на граѓаните во обесхрабрувачка ситуација.

    Болсонаро, кој за Мадуро рече дека е Хитлер на новото време, изјави дека Бразил како и Аргентина, сака да ја одбрани слободата во Латинска Америка.

    Бразил и Аргентина не го прифаќаат мандатот на Мадуро. Тие како легитимна власт во Венецуела го признаваат Парламентот кој е под контрола на опозицијата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.