Необична свадбена приказна доаѓа од Србија, каде невеста на среде свадба почнала да се пораѓа.
Радован Мирковиќ и Бојана Тесовиќ, само што ја почнале својата веселба, доживеале нешто на кое не се надевале. Бојана почнала да се пораѓа, а збунетите сватови останале под шаторот, додека младоженецот и невестата отишле во болница.
Кога дошла музиката свиреле за првото дете на парот, па гостите славеле и за бракот и за детето.
Мајката и бебето се чувствуваат одлично.