6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Бачев: Имаме план Б за името

    Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев на прес-конференција истакна дека ништо не е готово по гласањето на уставните измени во Собранието, обелоденувајќи го партискиот план за спречување на преименувањето на земјата во Република Северна Македонија.

    Бачев, кој е дел од движењето „Македонија бојкотира“ смета дека на потег е претседателот, Ѓорге Иванов, кој до Обединетите Нации би можел да испрати писмо дека договорот не е валиден.

    „По ратификацијата на договорот од Преспа и во грчкиот парламент, според договорот Македонија ги известува сите држави-членки на Обединетите нации дека членството го продолжуваме под ново име. Многу е веројатно дека марионетата Заев како Влада прв ќе се истрча во името на државата да ги извести Обединетите нации. Во таков случај, и претседателот Иванов веднаш треба да упати писмо до ОН со кои ќе ги извести дека се работи за невалиден договор, ништовен и според домашното и според меѓународното право бидејќи договорот не е склучен од надлежен орган и нема дозволен предмет, не е почитуван референдумскиот резултат од 30 септември, не е потпишан указот од Иванов, значи сето ова добро ќе се образложи во писмото на Иванов“, вели Бачев.

    Тој додаде дека во таква ситуација, ќе дојде до меѓународно недоразбирање и според Повелбата на ОН, Иванов ќе побара тоа да биде испитано од Советот за безбедност. Претседателот на „Единствена Македонија“ оцени дека во едно вакво сценарио за прв пат во историјата на ОН два органи од иста држава би биле со спротивни позиции што остава лош впечаток по угледот на една држава, но тоа не е важно, бидејќи борбата треба да се води и по цена и на угледот и достоинството на државата.

    Според Бачев важно е да се добие на време и прашањето да се проблематизира на меѓународен план, а освен храброст од страна на Иванов, важно е и претседателот да побара подршка од Русија и Кина, а подоцна и од земјите кои нѐ признале под уставното име.

    Единствена Македонија пред новинарите соопшти и дека го поддржува барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори заедно со претседателскте.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.