6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Бектеши: За земји како Македонија, е-трговијата може значително да го поттикне претприемништвото

    Министерот за eкономија, Крешник Бектеши, кој е дел од владината делегација во рамките на работната и економска агенда на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, денеска зеде учество на министерска средба за електронската трговија, на која Македонија како земја членка на Светската трговска организација, активно учествува во унапредување на правилата во меѓународната трговија, соопштија од Министерството за економија по завршувањето на средбата.

    На средбата, на која збор зедоа и генералниот директор на СТО, Роберто Азеведо, како и еврокомесарот за трговија, Сесилија Малмстром, министрите повикаа на почеток на преговори кон Договор за меѓународно-трговските аспекти на електронската трговија во рамка на Светската трговска организација.

    62-те земји кои ја поддржуваат оваа иницијатива – меѓу кои и Македонија, ја потврдија својата верба во можностите кои електронската трговија ги нуди, за фирми, но и за цели економии.

    Бектеши на средбата потенцираше дека особено за земји како Република Македонија, со мали, но отворени економии, електронската трговија може значително да го поттикне претприемништвото, да намали неефикасности, да зголеми продуктивност и суштествено да придонесе кон економскиот раст.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.