Прашањата за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе има право до директен пристап до банкарските сметки на функционерите, но и во над 60 други бази на податоци, изјави Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.
Таа рече дека од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ прифатени се 20 коишто, како што рече, се во функција на зајакнување на текстот Законот за спречување корупција.
Калеска –Ванчева рече дека не било прифатено да се дозволи воспоставување на паралелен систем, односно орган кој што беше предлог од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку барањето за формирање на формирање на национален совет.
Таа уверува дека Македонија ќе добие силна и независна инстритуција за борба против корупцијата по европски стандарди.
„Пратеничката група на СДСМ и коалицијата остана доследна во одбраната на европските стандарди за воспоставување ефикасни механизми за спречување и борба против корупцијата. Македонија создава институција која никогаш повеќе нема да дозволи да се повторат криминалите од минатата власт“, рече Калеска –Ванчева.