6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Дедо Мраз почина среде претстава во градинка во Русија

    Дедо Мраз, кој енергично танцуваше и трчаше на бината со деца во градинка во Русија, среде претстава се струполи на земјата и почина.

    Децата се смееја и трчаа кон него мислејќи дека станува збор за дел од претставата. Актерот Валери Титенко, кој го играл Дедо Мраз, претрпел фатален срцев удар.

    Друга жена, која исто така била дел од претставата, облечена како кловн, зад елката забрзала за да му помогне на 67-годишниот човек.

    Воспитувачите од градинката ги повлекле децата од бината, а човекот итно бил пренесен во болница во Кемерево, но починал по пат, соопштиле лекарите.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.