Сите ние сме виделе што се случува ако се отвори врата на авион во лет на филм, но што би се случило ако тоа се случи во реалноста?

На Јутјуб каналот „АсапСајнс“ (AsapScience) е објавено видео кое дава одговор на ова прашање. Се наведува дека шансата да се случи тоа е многу мала, но, исто така, мала е и веројатноста некој да преживее ако дојде до тоа.

Сепак, реалните шанси да се случи тоа е многу мала.

„Разликата во притисокот го прави отворањето на вратите невозможно, барем кога во прашање е човечката сила“, изјавил Патрик Смит, пилот и автор на книгата „Cockpit Confidential“ за британски „Телеграф’.

Освен тоа, додал тој, вратите дополнително се обезбедени со механички и електронски брави, така што би била потребна хидраулична дигалка за да може да се отворат.