6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Ерупција во Индонезија: Вулкан исфрла пепел во висина од пет километри

    На индонезискиот остров Суматра еруптираше вулкан, кој исфрла густ чад по неговите падини, соопштија индонезиски официјални претставници.

    Вулканот Синабунг, кој се наоѓа на северот на островот, за време на својата најнова активност во атмосферата исфрлил столб од пепел висок пет километри, изјави портпаролот на Државната агенција за управување со катастрофи, Сутопо Нугрохо.

    Засега нема информации за повредени лица, додаде тој.

    Вулканот со висина од 2.460 метри повремено еруптира од втората половина на 2013 година, поради што илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Од јуни 2015 на сила е највисоко ниво на подготвеност во случај на природна катастрофа.

    Вулканот Агунг на островот Бали е исто така активен веќе неколку месеци, но по подолгото затишје зоната на забрана за приближување месецов беше намалена од десет на четири километри.

    Индонезија се наоѓа во т.н. Пацифички огнен прстен, област позната по својата сеизмичка активност и вулкански ерупции. На нејзината територија има околу 130 активни вулкани.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.