6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Нова технологија од „Гугл“ ќе им стави крај на телефонските разговори

    На годишната конференција на „Гугл“ наменета за програмери, извршниот директор на компанијата, Сандар Пичаи, ги остави присутните без зборови при демонстрацијата на Google Duplex. Станува збор за асистент со вештачка интелигенција кој може да остварува телефонски повици и да води разговор место вас.

    „Денес ја најавуваме Google Duplex, нова технологија за водење природни разговори која ги решава проблемите во реалниот свет. Технологијата е наменета за исполнување на одредени задачи, како што е закажување состаноци.

    За таквите задачи, системот се обидува да го води разговорот што е можно поприродно, како што би го правеле тоа ние со други луѓе“, стои во блогот објавен од страна на „Гугл“.

    Google Duplex од наредните недели ќе биде достапен за одредени корисници како експеримент.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.