6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) „Обликот на водата“ триумфираше на Оскарите

    Филмот „Обликот на водата“ (The Shape of Water) на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо триумфираше на 90. доделување на Оскарите што се одржа синоќа во театарот „Долби“ во Лос Анѓелес.

    Бајковитата романса меѓу немата девојка и рептилското суштество имаше 13 номинации, од кои освои четири вклучувајќи ги и Оскарите за најдобра режија и за најдобар филм.

    Актерот Гери Олдман, непрепознатлив поради шминката во улогата на Винстон Черчил, освои Оскар за најдобра машка улога во филмот „Најмрачниот час“ (The Darkest Hour). Овој филм освои три Оскари. Оскарот за најдобра актерка го доби Френсис МекДорманд за улогата во црната комедија „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури (Three Billboards Outside Ebbing, Missouri), додеканаградата за најдобра машка споредна улога во истиот филм е доделена на Сем Роквел.

     

    Оскар за најдобра женска споредна улога освои Алисон Џејни во филмот „Јас Тоња“ (I, Tonya). Оскарот за најдобро сценарио го освои Џордан Пил за филмот „Бегај“ (Get Out).

    Францускиот композитор Александар Десплат го освои вториот Оскар во неговата кариера за музиката во филмот „Обликот на водата“. Првпат беше награден за „Гранд Будапест хотел“.

    Оскарот за најдобар странски филм го доби чилеанскиот филм „Фантастична жена“ (A Fantastic Woman), а за најдобар документарен филм Оскарот го доби „Икарус“, приказна за допинг во спортот од авторот Брајан Фогел.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.