6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (ВИДЕО) По слуајот во Штип – Болна изјава на таткото за својот син

    Новинарот Фуркан Салиу од ТВ Клан на својот Твитер профил објави краток исечок од разговорот со таткото на еден од осомничените за насилството во Штип.

    „Имам само еден син, ама закопа ме више“, вели тој.

    Двајцата штипјани кои навредувале и претепале 21-годишна девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, а целиот случај го снимиле на мобилен, по што видеото се најде на социјалните мрежи, денеска се приведени и ќе останат 24 часа во полициска станица.

    „По преземените мерки од слобода се лишени две лица на возраст од 23 и 26 години, за конкретниот настав запознаени се Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи. Секторот за внатрешни работи ги презема сите мерки за расчистување на случајот“, вели портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

    Двајца штипјани се со иницијали С.А. и П.Р, но други детали за тоа кога се случил настанот и како видеото завршило на социјалните мрежи не откриваат.

    Од штипското јавно обвинителство велат дека дале насоки и чекаат да заврши постапката околу собирањето на доказите за случајот со девојката.

    „Пред да стигне пријавата меѓу другото мора да се утврдат и повредите на девојката, по што ќе бидат преземени и други дејства од наша страна“, велат од Основното обвинтелство во Штип.

    Извор: Pogled.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.