6 C
Skopje
понеделник, декември 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Скандал на доделувањето на „Златен глобус“

Годинашното доделување на наградите „Златен глобус” помина доста мирно, но сепак се случи мал инцидент.

Водителите ја прашаа актерката Криси Мец (38), ѕвезда од серијата This Is Us, дали знае која е Алисон Бри (36). А таа со чудење одговори „Знам ли”.

Тогаш камерата се сврте кон Бри, која глумеше во „Клубот на отпишаните”. Додека таа одеше на црвениот килим, во заднина се слушаа гласовите на водителката и Криси.

„Таа е таква кучка”, изјави Криси тогаш, тврдат корисниците на Твитер.

Целата неповолна ситуација се прошири на социјалните мрежи, по што се јави Мец.

„Многу е тажно што некој помисли, или уште полошо, покрена сосем измислена приказна. Ја обожавам Алисон и јас никогаш нема да кажам лош збор за неа, ниту за кој било друг. Навистина се надевам дека таа го знае тоа”, рече Мец.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.