6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Тајни снимки од кланица: Колат болни крави и ги извезуваат во ЕУ

    Тајни снимки што ги направија полските истражувачки новинари покажуваат дека месото кое доаѓа од една нивна кланица не е сигурно за човекова употреба.

    Во кланицата носат и болни крави, кои се во толку лоша состојба што едвај стојат, а од камионите вработените ги носат директно на колење, пишува „Гардијан“.

    Експертите кои го погледнале видеото велат дека месото е со сомнителен квалитет. Ја повикуваат полската влада веднаш да реагира и да ги извести сите европски земји во кои земјата извезува месо.

    Полските новинари се инфилтрирале во кланицата кон крајот на минатата година. Еден од нив, Патрик Шчепаниак во кланицата работел речиси три седмици. За својата телевизија рекол дека вработените наместо да го испратат месото на ветеринарска контрола, го обележувале како сигурно за консумација.

    „Шефовите ми наредуваа да го означам месото како здраво и да го разубавам. Верувајте ми, беше ужасно. Од смрдеата би ви се повратило. Мојата задача беше да го разубавам, така што со нож ги стругав гнилите делови“, вели за „Гардијан“.

    Избројал 28 крави кои биле многу болни. Нив ги колеле навечер, кога не биле присутни ветеринарите. Тие пристигнувале утрото, ги потпишувале сертификатите, а не го ни прегледувале месото. Кога месото ќе добие сертификат, повеќе не подлежи на проверки.

    Според официјалните податоци, Полска во 2017 година извела јагнешко во вредност од 1,5 милијарди долари. Околу 80 проценти од јагнешкото месо кое е произведено во Полска е наменето за извоз.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.