6 C
Skopje
четврток, април 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (Видео) Туристи од пеколот на Нов Зеланд: Крадат, се закануваат, никаде не плаќаат

    Семејство краде, се заканува, не плаќа за храна додека е на одмор на Нов Зеланд. Медиумите ги нарекоа туристи од пеколот и им се заканува депортација.

    Туристите од пеколот, кои веќе неколку недели го тероризираат Нов Зеланд, стигнаа и во главниот град Велингтон. Група Британци, членови на едно семејство, веќе ги посетија Окленд и Хамилтон, каде што оставија купишта ѓубре на плажите, а кога жителите ги предупредиле да го соберат, тврделе дека се малтретирани. Потоа, се огласија и сопствениците на рестораните, кои изјавија дека Британците одбиле да платат за храната тврдејќи дека во неа пронашле влакна или мравки.

    Едно од нивните деца им се заканувало на жителите дека ќе им го разнесе мозокот кога тие се побуниле за нивното недолично однесување.

    Во средата судот во Хамилтон ја осуди 26-годишната Тина Мари Кеш, која е дел од групата, за кражба на енергетски пијалаци и очила за сонце на две бензински пумпи.

    „Ние сме британски државјани. Ние не сме направиле нешто погрешно, доаѓаме од добро семејство. Нашиот дедо беше еден од 10-те најбогати луѓе во Англија. Тука дојдoвме за да ги видиме Хобитите, за тоа сонував од мал, но сега локалните жители ни ги уништија соништата“, се пожали Џон Џонсон кога беше објавена информација дека него и неговото семејство Нов Зеланд би можел да ги депортира.

    Кога жителите на Нов Зеланд иницираа петиција за депортирање на Британците, а Службата за имиграција им го испрати првото предупредување, Џонсон рече:

    „Се чувствувам како вонземјанин. Не сум среќен“.

    Петицијата за депортација досега ја потпишаа повеќе од 4.600 луѓе, а целта е да се соберат 5.000 потписи.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.