Меѓународниот аеродром во Мале, главниот град на Малдивите, е единствен кој нуди интернационални летови во оваа островска држава во јужна Азија.

Се наоѓа на островчето Хулхуле, во близина на главниот остров Мале. Некогаш аеродромот го носел името на првиот малдивски претседател Ибрахим Насир, а денес се нарекува Меѓународен аеродром Велана.

На ова островче во Индискиот Океан аеродромот првпат е отворен во октомври 1960 година. Тогаш имал само челична писта со димензии од 23 на 914 метри. Со порастот на бројот на туристи во оваа егзотична дестинација, аеродромот бил реновиран и проширен. Островот-аеродром денес содржи и метеоролошка станица и хотел наменет за патниците на кого Малдиви им е транзитна земја.

И додека некои уживаат во спектакуларната глетка додека слетуваат и полетуваат од овој аеродром, многумина се исплашени од фактот што пистата е широка 45 и долга 3.200 метри, а се наоѓа на надморска височина од само два метра.