6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВИДЕО: Филипче со детали за 31-годишниот маж кој почина од коронавирусот

    Откако министерот за здравство Венко Филипче, откри дека рано утрово на Инфективната клиника од коронавирусот починал пациент на 31-годишна возраст, следуваа повеќе новинарски прашања за евентуални претходни заболувања кај него.

    „Неговата клиничка слика беше тешка, со уште пофулминантен тек на влошување на состојбата, интубиран, поставен на респираторна машина, во текот на вчерашниот ден, попладнето, меѓутоа, во текот на претпладнето, денеска тој, за жал почина“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

    Тој извести дека во следните денови 7 пациенти ќе можат да бидат пуштени на домашно лекување.

    „Ќе расте бројот на заболени и во светот, но и кај нас. Ни претстои и период во кој, за жал, ќе расте и бројот на починати и за тоа сите треба да бидеме свесни. Денеска имаме еден млад човек којшто почина. Тоа е доказ дека вирусот не штеди никој, никој не е имун, ниту заштитен од него. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест. Сите оние коишто можеби досега не беа убедени во опасноста од вирусот, сега верувам дека им е целосно јасно дека ова е многу сериозна закана, дека навистина мораме ние сериозно да се однесуваме кон неа, нема да биде лесно, затоа сакам да упатам апел сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме максимално претпализво и одговорно, затоа што ова зависи од секој еден од нас“, рече Филипче.

    Запрашан за евентуален ризик фактор кај 31-годишниот пациент рече дека единствен ризик фактор кај него била обезноста, но дека кај него била манифестирана најлошата клиничка слика на болеста.

    На лекување бил од 23 март.

    Извор: Libertas.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.