Починал еден човек и стигнал кај Господ. Господ знаејќи дека човекот е добар и дека правел добрини на земјата му рекол да каже една желба која лично дедо боже ќе му ја исполни.
Човеков рекол – Ако може еден автопат да направиш кој ќе ги поврзува сите континенти па така луѓето побрзо ќе стигаат од едно место на друго.
Господ на тоа рекол – Како бре толкав автопат,знаеш ли ти колку е тоа работа? Нема шанси ,кажи нешто друго.
Човекот тогаш рекол -Епа тогаш ај помогними да ги разберам жените,да сватам какви желби имаат,да сватам што сакаат ,што ги задоволува.
Господ се замислил и му рекол – Море чоече,автопатот да биде у 2 или у 4 ленти?