6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВИЦ: Како функционира државата?

    Си седел еден цар на тронот и слушнал како некој вика: Ајде на убави јаболка-а-а-а. Погледнал преку прозорецот и видел еден старец со запрежна кола продава јаболка, а околу него толпа купувачи.

    Му се пријало на царот од овошјето, го викнал советникот и му рекол: „Еве ти пет златници, трчај да ми купиш јаболка за царот.“ Советникот го викнал министерот и му рекол: „Еве ти четири златници, трчај да купиш јаболка за царот.“ Министерот го викнал помошник министерот и му рекол: „Еве ти три златници, трчај да купиш јаболка за царот.“

    Помошникот на министерот го викнал шефот на стражата и му рекол: Еве ти два златници, трчај да купиш јаболка за царот. Шефот на стражата викнал еден стражар и му рекол: „Еве ти еден златник, трчај да купиш јаболка за царот. Стражарот излегол, го сретнал старецоти и му рекол Еј, што си се развикал бе? Ова пазар ли е или царски дворец? Марш оттука, а јаболката ќе ги конфискувам!

    Се вратил стражарот и рекол: „Еве, шефе, добар бизнис. За еден златник – половина кола јаболка.“
    Шефот на стражата отишол кај помошникот на министерот: „Еве, значи, за два златнка една вреќа јаболка.“

    Помошникот отишол кај министерот: „Еве министре, за три златници една торба јаболка.“

    Министерот отишол кај советникот: „Еве, за четири златници половина торба јаболка.“

    Советникот конечно се вратил кај царот: „Еве, ваше величество, како што заповедавте – Повелете пет јаболка.“

    Седи царот во престолот и си мисли: „Пет јаболка – пет златници. Едно јаболко – еден златник. А народот ред чека за да купи.

    НА ОВОЈ НАРОД ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ!“

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.