6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Виц на денот: Месарот што станал боксер во тешка категорија

    Двајца комшии редовно, секоја вечер си пиеле ракија заедно. Едниот бил месар, а другиот тренер на Македонската боксерска репрезентација.

    Една вечер од збор на збор, паднал муабет дека наредната недела тренерот треба да оди на натпревар во САД, а боксерот од тешка категорија му бил повреден.

    Бидејќи месарот многу сакал да оди во САД, се договориле тренерот да среди и тој да оди место тешкашот за да ја види Америка.

    Отишле на турнирот, но дошло ред и месарот да влезе во рингот. Тренерот му рекол:
    – Пази се само да останеш на нозе, да не те нокаутира, за да изгубиме само на поени.

    Почнала борбата, месарот примил неколку удари, но стои на нозе не паѓа. Поминале првата и втората рунда, месарот не седава. На паузата пред третата рунда тренерот му вика на месарот:
    – Абе Столе, барем еднаш да го удреше.

    Почнува третата рудна и месарот го начекал противничкиот боксер и му треснал една по челото. Боксерот паднал во рингот и судијата почнал да му брои.

    – Што прави овој? Зошто брои? – Прашал месарот.
    – Така е редот, треба да изброи до 10 – му одговорил тренерот.
    – Кажи му нека не губи време, јас со оваа рака бик убивам, па тој ќе станел.

    Извор: Motika.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.