6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ви се појавуваат модринки без причина – овие сигнали не смеете да ги игнорирате

    Случајно малку се удривте и веднаш ви излезе модринка? Во тој случај, припаѓате во групата на лица на кои им излегуваат модринки и на благ притисок, а се случува да немате поим ни кога, ни како, ни зошто тие грди плаво – виолетови кругови се појавиле на вашата кожа.

    Но, колку пати сте си откриле нова модринка на нозете или рацете, без да се сеќавате дека некаде сте се удриле? Модринките не секогаш се последица од физичка повреда.

    Постојат неколку посериозни причини заради кои ви се појавуваат овие виолетови траги по телото.

    Откријте на време дали се работи за нешто сериозно, како на пример:

    1. Пиење на апчиња кои не ви одговараат

    Консумирањето на апчиња како антидепресиви, аналгетици или суплементи за подобро железо, може да ја промени структурата на крвта. Ако забележите дека при терапијата имате појава на модринки, задолжително консултирајте се со лекар.

    2. Болести поврзани со крвните садови

    Не го одложувајте лекарскиот термин доколку одеднаш забележите повеќе модринки, на различни места по телото, кои не се болни на допир. Тие може да укажуваат на проширени вени, тромбоцитопенија, па дури во најлоши случаи и леукемија.

    3. Недостаток на витамини

    Најчесто модринките се појавуваат и како недостаток на клучни хранливи вредности и витамини, како што се витамин К, Б12 и Ц.

    4. Подигање тешки предмети

    Доколку после тренингот забележите појавување на модринки, веројатно сте претерале со напорот и тежината. Ова неретко се случува кај дечињата кои носат тешки ранци, потешки отколку што грбот може да им истрпи.

    5. Хормонални промени

    Хормоналниот дисбаланс исто така може да биде причина за појавување на модринки. Недостатокот на естроген значително ги ослабува крвните садови, а ѕидовите на капиларите се многу лесни за оштетување.

    6. Стареење

    Стареењето на организмот и телото може да се манифестира со мали модринки заради ослабувањето на крвните садови и губење на еластичноста на ткивото, но ако модринките не поминуваат и се огромни по големина, задолжително треба да посетите лекар.

    7. Дијабетес

    Дијабетесот негативно влијае на циркулацијата, па затоа се манифестира преку модринки по телото.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.