6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВМРО-Народна: Големите партии заеднички се договараат да ги збришат сите мали политички партии

    Партијата ВМРО-Народна се противи на измената на Изборниот законик во делот на отворени листи за советници со праг од 3 отсто. Според нив, со таков услов големите партии заеднички се договараат да ги збришат сите мали политички партии од македонската политичка сцена.

    -И така законот кој беше инициран со мотивација како да им се помогне на малите партии на крајот ќе заврши со цел како да се избришат малите политички партии. ВМРО-Народна партија смета дека отворените изборни листи ќе направат невиден хаос во изборниот модел во кој македонската демократија уште повеќе ќе биде девалвирана.

    Затоа ВМРО-Народна партија смета дека можеби е најдобро да остане Законот таков каков што беше и досега – велат од партијата на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски.

    Локалните избори да се одржат во првата половина на месец октомври за да се испочитува Уставот, а она што може да се одложи е пописот, бараат од ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Зоран Заев најави законски измени со кои би се поместиле изборите.

    Заев излезе со ваква најава бидејќи, како што посочи, законот предвидува изборите да се одржат до 17 октомври, но ако тоа е така тогаш дел од кампањата, која трае 20 дена, ќе се преклопи со спроведувањето на пописот кој треба да заврши на 30 септември. Премиерот го спомена и 31 октомври како можен датум за избори.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.