6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВМРО-НП: Загрижени сме од молкот на сите историчари, колумнисти и фејсбук автори

    Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани.

    Стрелањето беше спроведено и организирано од страна на југословенскиот титоистички систем со помош на македонски извршители.

    ВМРО-Народна партија искажува голема загриженост од молкот на  сите оние историчари, колумнисти и фејсбук автори кои во последните месеци секојдневно не известуваа за стрелани поединци од страна на про-фашистичките сили.

    Со овој молк за овие масовни убиства само потврдуваме дека сеуште сме многу индоктринирано општество во кое предмет наподелба се дури и жртвите.

    А исто така како народ не знаеме да се оддолжиме на тие македонски партизани кои идејата за самостојна Македонија сакале да ја остварат во 1945 година.

    Уште еднаш не сакаме да погледнеме дека нашата историја е заробена во југословенската матрица дотолку што не разбираме дека со самото тоа што молчиме и не ги расветлуваме тие настани им даваме за право на некои наши соседи истите тие настани да ги присвојуваат.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.