6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во борбата против климатските промени, се намалуваат штетните субвенции

    Извршната директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева, вели дека глобалните лидери можат да помогнат во борбата против климатските промени преку елиминирање на штетните субвенции, на пример, во облaста на енергетиката и земјоделството.

    Георгиева на последниот ден од Светскиот економски форум во Давос истакна дека сепак е постигнат напредок бидејќи, како што рече, штетните субвенции се намалени од 600 на 300 милијарди долари, но, додаде таа, остануваат уште 300 милијарди долари, пренесува британски „Гардијан“.

    Како добар пример го посочи Египет, кој ги намалил субвенциите од 7,0 отсто од БДП на 3,0 проценти.

    Таа инсистира дека транзицијата кон економија со ниски емисии на јаглерод диоксид ќе биде добра за економиoт развој, бидејќи ќе придонесе за создавање ови работни места со најсовремени технологии.

    Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, посочи дека ако не се преземат минимум глобални напори за ограничување на растот на температурите, нивниот понатамошен раст ќе збрише цели сегменти од економијата и ќе предизвика драстични штети по човештвото.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.