6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во Венеција е забрането да возите велосипед и да јадете на јавно место

    Кампањата #EnjoyRespectVenezia, која започна минатото лето, продолжува и оваа година. Кампањата е насочена кон промовирање пристојно однесување на туристите, а освен пораки на социјалните мрежи, постерите со правила се поставени насекаде во градот.

    Туристите на овој начин се потсетуваат дека не смеат да пливаат во каналите, да прават пикник на јавни места, предолго да се задржуваат на мостовите, да ги хранат гулабите, да оставаат отпад зад себе, да возат велосипед низ Венеција и да шетаат во костими за капење.

    Контролорите носат маици со натписот #EnjoyRespectVenezia и ги предупредуваат туристите, на пример, што јадат сендвич на плоштадот Сент Марко дека тоа е прекршок и ги упатуваат на јавните места на кои е дозволено да се јаде.

    Контролорите засега само ги предупредуваат туристите, а во случај на бурни реакции може да повикаат полиција и да наплатат казна која варира од 25 до 500 евра. Дневно во Венеција има и по 60.000 туристи.

    Локалците велат дека не се задоволни од кампањата. „Градот има многу поголеми проблеми од уморните туристи што се одмораат крај каналите или јадатат сендвичи. Тоа што навистина би имало смисла е да им се забрани на крузерите да се приближуваат до градското пристаниште“, велат жителите на италијанскиот град.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.