6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Во Диво Насеље обвинетите правеле кафе, оружјето и униформите на УЧК не се доказ за тероризам

    Без метежот и тензиите од вчера, во полупразната сала во Врховниот суд во Скопје продолжи јавната седница за жалбите на обвинетите, како и на обвинителството на првостепената пресуда.

    Откако вчера апелациските судии образложија дел од првостепената пресуда, денес почна образложувањето на жалбите од страна на адвокатите. Носењето оружје, облекувањето на униформа на УЧК, престојувањето во куќите во кумановското Диво Насеље, за одбраната на обвинетите не е тероризам.

    На денешната јавна седница на која присутни се само тројца обвинети, адвокатот Еленко Миланов посочи дека преземените дејствија кон припадници на полицијата, па дури и кога се користело оружје, не е тероризам.

    „Во Диво Насеље полицијата отиде да врши претрес, а таму лицата пружија отпор. Ова не може да биде акт на институции. Преземените дејствија кон припадниците на полицијата, па дури и кога се користи оружје, не може да биде тероризам. Имало многу напади на полицајци, но ниту една квалификација на кривичното дело не била тероризам. И нападот во Полициската станица во Гошинце не е напад, туку е упад“, рече на јавната седница адвокатот Миланов.

    Бранителот ги убедуваше и апелациските судии дека судијката Верка Петковска која им ја изрече првостепената пресуда направила преседан со тоа што на лица осудени на доживотен затвор им изрекла и казна протерување на странец од државата.

    „За одмерувањето на казната првостепените судии се повикуваат на правилник, но во овој момент овој правилник за одмерувањето на казните не е веќе во сила. Како може да се изрече како казна на едно лице и доживотен затвор и протерување од државата? Кога и на кого ќе го спроведеме протерувањето? Дали на мртво тело?“, праша адвокатот Миланов.

    За адвокатот Миланов облечената униформа на УЧК и носењето на оружје на лицата кои беа во Диво Насеље не морало да значи дека тие таму заминале со умисла да го направат тоа што се случи на 9 и 10 мај 2015 година. Одбраната тврди дека овие лица биле нападнати од полицијата, па потоа употребиле оружје.

    Целиот текст на следниот ЛИНК

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.